top of page

ИЗВЕШТАЈ ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЕРАЗМУС+ ДЕНОВИ

 

Во рамките на #ERASMUS+ days 2025  нашето училиште ,,Невена Георгиева Дуња" како носител на Еразмус+ Акредитација во училишно образование организираше десет работилници во периодот 13-18 октомври. Учество зедоа околу 100 ученици, наставен кадар, родители и стручната служба.

Преку дружење, насмевки, меѓусебна поддршка ги промовиравме можностите кои ни ги нуди Еразмус+ програмата, се пренесоа досегашните искуства преку бројните мобилности на учениците и наставниците.

Десет работилници беа дел од нашите Еразмус денови:

1. Ирена Христовска - ликовна колонија

2. Билјана Малинова и Петранка Здравковска - малите истражувачи патуваат во Европа

3. Светлана Малзаркова - ,,Храната не зближува - Еразмус не поврзува ! "

4. Билјана Велковска Зиковска - Да ледаме преку очите на различните! реализирана во соработка со здружението за асистивна технологија Отворете ги прозорците

5. Зорица Атанасовски - дигиталните алатки како извор на креативност

6. Мирјана Василоска - ЕУ перспективи низ фотографии

7. Александра Цветановска - Лего предизвик и СТЕМ активности

8. Драгана Ончевска Ковачева - Зелена агенда и еко- училиште

9. Виолета Микулец- "Со песна и танц ја одржуваме културата жива"

10. Елена Алчева - Нашите сетила низ Еразмус+

Исто така дефектологот на училиштето Емилија Ајтовски зеде учество на Еврогајденс конференцијата за дефектолози и стручни соработноци организирана од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.

Активностите кои ги организираме оваа година ги поврзуваме и со 18 октомври – Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, како потсетување дека слободата е основно човеково право кое никој не смее да го одземе како и знаењето и свеста се најсилното оружје против трговијата со луѓе и секоја форма на злоупотреба. На овој ден, целиот европски континент ја испраќа истата порака: никое дете, никаде, не треба да биде лишено од своето достоинство и иднина - во соработка со Министерство за внатрешни работи.

Erasmus+

Enriching lives, opening minds

13.10.2026
                                                            „Со  песна  и  танц  ја  одржуваме  културата  жива“

Во рамки на Еразмус деновите беше реализирана воннаставна активност преку која учениците се запознаа со европската музичка традиција и различни традиционални инструменти. Преку аудио-визуелни материјали, интерактивната игра „Погоди го звукот“ и заедничко оро, учениците активно учествуваа и ја почувствуваа поврзаноста меѓу културите. Активноста поттикна љубопитност, меѓусебно почитување и свест за културното наследство како жив дел од европскиот идентитет.

image.png
image.png
image.png

15.10.2025
                                                              Храната не зближува - Еразмус не поврзува

 Целта на оваа активност е учениците да се запознаат со традиционални јадења од различни европски земји и да развијат свест за културната разновидност во Европа.Кратко запознавање на учениците со програмата Еразмус и разговор за омилената храна. Потоа, преку мапа на Европа, учениците ги поврзуваат земјите со нивните традиционални јадења, користејќи слики и знамиња. На крај, децата цртаат омилена храна и заеднички создаваат „Еразмус трпеза“, симболизирајќи дека храната и културата нè поврзуваат. 

        16.10.2026                      Малите истражувачи патуваат во Европа 

" МАЛИТЕ ИСТРАЖУВАЧИ ПАТУВААТ ВО ЕВРОПА ", под менторство на наставниците по одделенска настава: Petranka Zdravkovska и Biljana Kimovska Malinova, дел од одбележувањето на Еразмус+ Денови 2025.

Нашите ученици од II б одд, истражувачи, се впуштија во авантура, исполнета со учење, виртуелно патување и низа активности (боење, цртање со поврзување броеви и пеење на песни).

Целта на часот беше малите истражувачи да се запознааат со идејата на Еразмус + (пријателство, учење, патување, култура), но и истовремено да ја развијат љубопитноста за различни земји и култури како и тимската работа и креативноста.

Голема благодарност до нашиот родител проф. д-р Oliver Filiposki, кој преку интерактивно презентирање, ja поттикнa љубовта на нашите ученици кон патувањето и знаењето уште од најмала возраст.

18.10.2025                               ,,  Да погледнеме со нивни очи"

 

 

По повод Денови на Еразмус 2025 во соработка со Здружението за асистивна технологија Отворете ги прозорците за учениците од 9Б одд. се одржа едукативна и инспиративна работилница на тема „Примена на асистивна технологија во секојдневниот живот“.

Преку практични примери, активности и разговори, учениците имаа можност да ја почувствуваат важноста на разбирањето, емпатијата и инклузијата, како и да научат како асистивната технологија им помага на лицата со попреченост полесно да ги совладаат секојдневните предизвици.

Работилницата ја спроведовме под мотото „Да погледнеме со нивни очи“, потсетувајќи се дека светот станува подобро место кога се трудиме да го видиме и разбереме преку перспективата на другиот.


18.10.2025                                      „Млади за зелена иднина – Мудрост на две генерации“

Во рамки на Деновите на Еразмус 2025, на 18.10.2025 година се одржа работилницата „Млади за зелена иднина – Мудрост на две генерации“. Настанот беше насочен кон подигнување на еколошката свест и поттикнување на младите за активна заштита на животната средина.Како финален производ од дискусиите, учениците изработија информативна брошура со практични совети за заштита на околината.

  • Facebook
  • Instagram
  • X
  • TikTok

© 2035 by akreditacijaproekt2024. Powered and secured by Wix 

bottom of page